Американката Џесика Пегула победи во финалето на ВТА турнирот во Сеул.
Во мечот за титулата, првата носителка ја победи ривалката од Кина, Јуе Јуан со 6:2 и 6:3.
Мечот траеше 1 час и 24 минути.
За 29-годишната Пегула ова е четврти ВТА трофеј во кариерата.
Наградниот фонд на турнирот во Јужна Кореја изнесуваше 260 илјади долари.