Македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г1 „Загреб опен“ викендов во хрватската престолнина.

На патот до златото Георгиевски забележа три победи. Најпрво го совлада Марко Насо од Италија, следуваше победа над Бразилецот Патрик Переира Кардосо, за во финалето да биде поуспешен од Холанѓанецот Брајан Зондероп од Холандија.

Георгиевски победи и на претходниот турнир од Г1 серијата, одржан на почетокот на овој месец во Тирана.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2023 06:42