Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“.
Концертот е посветен за подигање на свеста за ракот на дојка, а средствата од секоја купена карта ќе бидат донирани директно до Здружение „Љубов сме-Jemi Dashuri", за жените кои се бораат со оваа болест.
Настанот е овозможен од Министерството за култура и Europe House - Skopje.