Македонскиот тенисер Калин Ивановски има напредок од 26 позиции на најновата АТП ранг-листа објавена денес. Тој сега се наоѓа на 305. место, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Ивановски прогресот го направи со освоените 15 бодови и во моментов има 176.

Претходно, највисок пласман на АТП-листата за Македонецот беше 306. Место.

Лидер во поредокот е Новак Ѓоковиќ (Србија), пред Карлос Алкараз (Шпанија) и Данил Медведев (Русија).



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2023 18:37