Во Белград деновиве се одржа филателистичката изложба „БАЛКАНФИЛА XIX“, на која со свој изложбен материјал настапија и седум членови на Сојузот на филателисти на Македонија, предводени од претседателот Синиша Павлески и доајенот на сојузот Климе Поповски.

-Збирките на Георгиев Дончо, Илиевски Спасе, Виктор Габер, Синиша Павлески,Климе Поповски, Антоновска Љиљана и Станко Зафиров предизвикаа голем интерес кај публиката, а најголем број поени освоија Георгиев и Илиевски, односно Павлески, додека медали добија Зафиров како национален комесар, а Георгиев за неговите 8осумвитрини за убавините на Македонија, заедно со Поповски/Габер за нивната книга „Скопје на поштенски марки, се наведува во соопштението од Сојузот на филателисти на Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2023 22:29