Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески денеска преку писмено соопштение повторно поднесе оставка од функцијата.

- Почитувани, Ги известувам членовите на Друштвото на писателите на Македонија и медиумите дека денес официјално поднесов оставка на местото претседател на Друштвото на писателите на Македонија, наведува Петрески.

Петрески на 9 октомври годинава поднесе неотповиклива оставка откако претходно осум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа неотповикливи оставки поради непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење од страна на претседателот на ДПМ. На 14 октомври, Петрески ја повлече оставката поради, како што наведе, барање на голем број членови на ДПМ и поради притисоци, уцени и закани.

Вонредното изборно собрание на ДПМ е закажано на 25 ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2023 15:05