Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, ќе ја почне сезоната во 2024. на екипниот Јунајтед куп во Австралија, но неговиот голем ривал Рафаел Надал нема да биде во шпанската екипа, потврдено е денеска.
Ѓоковиќ ќе ја предводи Србија на второто издание на турнирот вреден 15 милиони австралиски долари, кој од 29 декември до 7 јануари ќе се одржи во Мелбурн.
Екипата на Полска, предводена од најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек и 11. Светски рекет во машка конкуренција Хуберт Хуркач, е прв носител на турнирот на кој ќе настапат 16 земји.
Премиерното издание на Јунјатед купот во јануари оваа година го освои САД.
Надал тогаш беше во шпанскиот тим, а според неодамнешните најави, следната година ќе ја почне со настап на Австралија опен