Возачот на Ферари, Шарл Леклер победи на квалификациите за трката во Формула 1 за Големата награда на САД. Тој до пол-позицијата стигна со извозен најбрз круг со време 1 минута 34,723 секунди.

Веднаш до Леклер ќе биде Ландо Норис од Мекларен, а првата тројка ја затвора Луис Хамилтон од Мерцедес.

Актуелниот шампион, Макс Верстапен од Ред Бул, го покажа најдобриот резултат на овие квалификации, но неговото време беше поништено бидејќи тој направи прекршок во свиокот 19. Така Холанѓанецот ќе стартува од 6. позиција.

Главната трка за Големата награда на САД ќе се вози утре со почеток во 21 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2023 14:58