Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, победи синоќа на спринт трката во Остин во рамки на Големата награда на САД во Формула 1, минувајќи прв низ целта пред Луис Хамилтон (Мерцедес) и Шарл Леклер (Ферари).

За актуелниот светски првак ова е трета спринтерска победа оваа сезона.

Холанѓанецот веќе ја обезбеди трета последователна светска титула, бидејќи води во генералниот пласман со недостижни 441 бодови, пред неговиот клупски колега, Мексиканецот Серхио Перез (228) и Хамилтон (201).

И покрај тоа, холандскиот возач ќе има голем мотив на трката за ГН на САД, која ќе стартува вечерва од 21 часот по средноевропско време, бидејќи со триумф на УС Гран-при Класик во Остин ќе го израмни својот минатогодишен рекорд и ќе дојде до јубилејната 50. победа во кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2023 16:18