Далас маверикс го продолжи договорот со Џош Грин на уште три години за 41 милион долари, објави инсајдерот на „The Athletic“ Шамс Чаранија.
Дваесет и двегодишниот Американец беше избран како 18-ти пик од страна на Далас на драфтот на НБА во 2020 година.
Минатата сезона Грин одигра 60 натпревари во основниот дел и имаше просек од 9,1 поен, 3 скока и 1,7 асистенции за 25 минути.