Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс одговори на фактот дека стручниот штаб планира да му ја ограничи минутажата.

Во првиот натпревар од сезоната 2023/24 ноќеска против Денвер (107:119), Џејмс постигна 21 поен (10 од 16 од поле), 8 скока и 5 асистенции, поминувајќи 29 минути на теренот.

- Сакам да поминувам што повеќе време на теренот. Посебно кога има можност да го добиеш натпреварот, или кога ќе сфатиш дека можеш да влијаеш на играта. Но, испадна дека стручниот штаб имам одреден план и јас ќе го следам. Не сум изненаден или вознемирен што тимот ги контролира моите минути на теренот, изјави Џејмс.

Триесет и осумгодишниот Џејмс е најстариот активен играч во НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2023 17:12