– Италијанскиот тенисер Јаник Синер денес го победи Русинот Данил Медведев во финалето на турнирот во Виена со 2:1, по сетови 7:6, 4:6 и 6:3.
Мечот траеше 3 часа и 6 минути.
За Синер ова беше десетти трофеј во поединечна конкуренција од АТП серија.
Медведев кој е трет на АТП ранг-листата загуби второ финале во низа од Синер кој во моментов е четврти тенисер во светот. На 4 октомври Русинот загуби од Италијанецот во финалето на турнирот во Пекинг.
Наградниот фонд на турнирот во австриската престолнина изнесуваше 2,4 милиони евра.