- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката од Формула 1 шампионатот возена синоќа за Големата награда на Мексико.

Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон со заостанување од 13,875 секунди, а по него е Шарл Леклер од Ферари (+23,124).

Во првите 10 се пласираа уште и: Карлос Сајнц (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Џорџ Расел (Мерцедес), Даниел Рикардо (Алфа Таури), Оскар Пјастри (Мекларен), Александар Албон (Вилијамс) и Естебан Окон (Алпин).

Верстапен кој одамна ја обезбеди шампионската титула е лидер во поредокот со 491 бод, пред Серхио Перез со 240 и Хамилтон со 220 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2023 14:13