Триото Шербет го одржа својот годишен концерт за домашната тетовска публика насловен „Песни од едно време“. Триото познато по обработка на македонските песни овој пати изведе дваесеттина фестивалски нумери дел од македонската музика во 90-тите години на минатиот век
-Секоја година имаме избор на песни според одредена тема. Годинава се решивме тоа да биде спојот на современиот творец со исконската музика, односно песните од фестивалите. Се решивме да пренесеме дел од македонските фолк фестивали како Цветници, Фолк фест Валандово, Интерфест, Лешочки фолк-фест. Ги одвоивме најубавите композиции од овие фестивали, истакнаа девојките од триото на концертот.
„Песни од едно време“ концерт со обработени фестивалски песни на тетовското трио Шербет
Дел од песните ги испеаа заедно со фестивалските пејачи Ефто Пупиновски и Ибуш Ибраимовски, односно нивните нумери кои биле исполнети на фестивалите во минатото.
Триото Шербет го сочинуваат три другарки, Теодора Ветероска, Ана Марија Блажеска и Марија Костоска Наумовска.