Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 27 илјади поени во кариерата.

Триесет и петгодишниот Американец постигна 26 поени ноќеска во поразот од Сан Антонио (114:115) во регуларниот дел од сезоната во НБА.

Дурант стана 12-тиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот кој постигнал 27.000 поени во кариерата. Рекордер во НБА е членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс. Тој има 38.740 поени.

Кевин Дурант игра за Феникс од февруари оваа година. Претходно играше за Бруклин, Голден Стејт и Оклахома



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2023 15:58