- Поранешниот тренер на Виртус, Серџо Скариоло доби покана од НБА-лигашот Милвоки.
Како што дознава италијанскиот Супербаскет, 4-кратниот европски шампион со шпанската репрезентација може да стане помошник тренер на Бакс.
Светскиот шампион од 2019 година три сезони (2018-2021) работеше како асистент во Торонто. Во тоа време, асистент во Репторс беше и актуелниот тренер на Милвоки, Адријан Грифин.
Минатиот месец Тери Стотс доброволно го напушти штабот на Грифин, наводно по спор на тренинг.
Скариоло беше отпуштен од раководството на Виртус во септември, откако искажа забелешки за постапките на раководството во вонсезоната. Беше обвинет и дека преговарал со Реал Мадрид, но тој ги демантираше овие шпекулации.