Туниската тенисерка Онс Џабер најави денеска дека дел од парите кои ќе ги освои на овонеделниот ВТА финален турнир во Канкун ќе ги донира за палестинскиот народ.

„Тешко е да се гледа како мали деца умираат секој ден. Тоа ми го крши срцето … Ова не е политичка порака, туку хуманизам. Сакам мир во светот“, рече Џабер по победата на чешката тенисерка Маркета Вондрушкова во рамки на 2. Коло во на ВТА финалето во Мексико.

Џабер по воведните две кола има победа и пораз, а во третото коло ќе игра против водечката Ига Швјонтек во клучниот дуел за пласман во полуфиналето.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2023 04:14