Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија организираат гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“.

Филмот ќе биде премиерно прикажан вечер, во 20 часот, во кино „Милениум“.

Како што е најавено, настанот ќе го отворат францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер и Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Шпанија во Северна Македонија.

Филмот е дело на режисерот Родриго Сорогојен, а во главните улоги играат Изабел Пења и Родриго Сорогојен. Добитник е на наградата Цезар 2023 за најдобар странски филм.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2023 14:35