Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја потврди доминацијата сезонава во Формула 1, триумфирајќи вечерва во трката за Големата награда на Сао Паоло.

Холандскиот возач стартуваше од полпозицијата и ја зачува предноста до крајот на трката, минувајќи прв низ целта на патеката Интерлагос пред Ландо Норис (Мекларен) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

За Ферстапен ова е 17. победа оваа сезона во која од поодамна ја обезбеди третата светска титула во серија.

Воедно, Ферстапен ја продолжи традицијата во тековната сезона во која победи на сите трки на кои стартуваше од полпозицијата

Следната трка, 21 во календарот за оваа сезона, ќе се вози на 18 ноември за ГН на Лас Вегас.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2023 04:20