Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави синоќа дека наградниот фонд на завршниот турнир на Били Џин Кинг купот ќе изнесува рекордни 9.6 милиони долари, од кои 2.4 милиони ќе освои победникот.

Финалистот ќе заработи 1.44 милиони долари, поразените екипи во полуфиналните дуели ќе добијат по 900.000 долари, елиминираните во групната фаза ќе инкасираат по 480.000 долари.

Завршниот турнир на Били Џин Кинг купот почнува денеска во Севиља и ќе се игра до недела.

Титулата ја брани Швајцарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2023 17:41