Во полуфиналните дуели во женскиот тениски Били Џин Кинг куп во Севиља ќе играат Словенија – Италија и Чешка – Канада.
Во директниот дуел за првото место во групата А, Чешка синоќа триумфираше над САД со 2-1. Претходно во петокот, Словенија обезбеди полуфинале, иако загуби од Казахстан со 1-2.
Чешка досега 11 пати го освојуваше Били Џин Кинг купот, додека Италија има четири трофеи.
Словенија во дуелот против Италија, а Канада во пресметката против Чешка ќе се обидат да дојдат до своето прво финале во натпреварувањето кое во минатото се играше под името Фед Куп