Репрезентацијата на Канада ја победи Италија во финалето на купот Били Жан Кинг.
Канаѓанките за прв пат во историјата на ова натпреварување дојдоа до трофејот.
Во денешното финале Канада ја совлада Италија со 2:0.
Резултати: Марина Стакушиќ (Канада) – Мартина Тревисан (Италија) 7:5 и 6:3
Лејла Фернандез (Канада) – Јасмин Паолини (Италија) 6:2 и 6:3.
Мечот во двојки немаше потреба да се одигра.