Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во првото коло од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 2:1, по сетови 7:6 (4), 6:7 (1) и 6:3.
По оваа победа, 36-годишниот Србин си го загарантира првото место на АТП ранг-листата по крајот на сезоната.
Годината Србинот ќе ја заврши како бр.1 по осми пат. Ѓоковиќ ќе го подобри сопствениот рекорд во оваа статистика.
На првиот меч на Завршниот турнир што се игра во Торино, Јаник Синер го победи Стефанос Циципас со 2:0.
Денес ќе се играат натпреварите од 1.коло во Б-групата: Карлос Алкараз – Александер Зверев Данил Медведев – Андреј Рубљов.