– По двата воведни порази на шахистите и половичниот ефект на шахистките, македонските репрезентации денеска ги играат партиите од третото коло на Европското екипно првенство кое се одржува во црногорскиот град Будва.

Македонските шахисти за противник ја имаат селекцијата на Фарските острови, додека шахистките ќе ги одмерат силите против домаќинот Црна Гора.

На машкиот турнир македонската репрезентација претрпе два порази во почетните две кола, од Чешка 3.5-0.5 и од Грузија 3-1, и се наоѓа на 32 место во конкуренција на 38 репрезентации.

Македонските шахистки, пак, по стартниот пораз од Словачка 0.5 – 3.5, во второто коло беа поуспешни од Шведска со 2.5 – 1.5 и се наоѓаат на 22 место во конкуренција на 32 репрезентации на женскиот турнир.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2023 23:34