Индиецот Рохан Бопана влезе во историјата на АТП финалните турнири како највозрасен играч кој победил на крајот на годината, откако попладнево заедно со Метју Ебден триумфираа во двојки против Ринки Хиџиката и Џејсон Кублер со 6-4, 6-4.
Бопана (43) и неговиот австралиски партнер сега имаат една победа и еден пораз во групата и сè уште се со шанси за пласман во полуфиналето зависно од исходот на нивниот дуел против Весли Кулхоф и Нил Скупски, кој е на програмата в петок.
Претходно, највозрасен тенисер кој победил на дуел на АТП финалето беше Канаѓанецот Даниел Нестор кој во 2014. беше на возраст од 42 години.
Индиецот Бопана во март годинава стана и највозрасниот тенисер кој победил на АТП мастерс турнир, триумфирајќи со Ебден во Индијан Велс.
Заслугите за освоената титула Бопана тогаш ги препиша на кафето од семејната плантажа во јужната индиска сојузна држава Карнатака, кое рече дека секојдневно го консумира