Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се надева дека ќе се врати на теренот, пренесува „Мундо Депортиво“.

Тој призна дека искрено верува дека повторно ќе игра, но не може да даде точен датум за враќање.

- Пред неколку недели немав таква доверба. Се надевам дека наскоро ќе можам да кажам нешто поконкретно, рече Надал.

Тенисерот тренира повеќе од претходно и нема да се откаже од враќањето.

Триесет и седумгодишниот Шпанец не учествувал на турнири откако се повреди на Австралија Опен во 2023 година. На почетокот на јуни тој беше опериран на мускул на левата нога. На 11 октомври, директорот на Австралија опен, Крег Тајли, потврди дека Надал ќе игра на турнирот во 2024 година.

Во досегашната кариера Надал има освоено 22 Грен слем титули и 92 АТП титули во сингл



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2023 07:57