Актуелниот трикратен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, го критикуваше Гран при на Лас Вегас. Холанѓанецот беше незадоволен од церемонијата на претставување на возачите.

-Не ми се допаѓа што се случува околу оваа трка. Со задоволство би пропуштил вакви епизоди. Тркачите таму личат на кловнови. Тоа е 99 отсто шоу и само 1 отсто спорт, го цитира „The Race“ Верстапен.

Пред натпреварот, за прв пат во историјата, се одржа 30-минутна церемонија на отворање, при што пилотите беа претставени на публиката еден по еден, подигнати со лифт на посебна платформа.

Главната трка ГП на Лас вегас ќе се вози в недела со почеток во 7 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2023 11:45