– По вчерашниот слободен ден на Европското екипно првенство во шах, денеска на програмата се партиите од шестото коло во кое македонската машка селекција за противник ја има Данска, додека женската селекција ќе игра против Исланд.

Шахистите во претходното коло забележаа победа од 2.5 – 1.5 над младинската репрезентација на домаќинот Црна Гора и со четири бодови се на 30 место во конкуренција на 38 репрезентации.

На женскиот турнир, македонските шахистки во претходното коло поретрпеа пораз со максимални 0-4 од Англија и со четири бодови се на 27 место во конкуренција на 32 селекции.

Во машка конкуренција во водство е Германија, пред Србија и Романија, додека на женскиот турнир води Франција, пред Азербејџан и Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2023 23:36