Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја напушти денеска болницата во Лас Вегас по дополнителните медицински прегледи со кои е констатирано дека нема повреди по инцидентот што се случи за време на трката во Формула 1.

Норис загуби контрола врз болидот на 12 свиок и со голема брзина удри во заштитниот ѕид на патеката во Лас Вегас.

Британскиот возач излезе од болидот, но беше прегледан во медицинскиот центар покрај патеката, а потоа беше префрлен во болница во Лас Вегас на дополнителни прегледи.

Ова е прва трка сезонава која Норис не успеа да ја заврши



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2023 22:17