Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои сребрен медал на Балкан Г1 Куп во Сараево.
Како прва носителка Рељиќ беше слободна во првото коло по што извојува победа над Леа Спехар од Хрватска со 2:1, а во полуфиналето со 2:0 беше поуспешна од Норвежанкага Каролине Гјелсвик.
Во борбата за златниот медал Рељиќ, и покрај одличниот настап, загуби од Надја Савковиќ од Србија.
Со освоениот сребрен медал македонската таеквондистка ја продолжи низата на освојување Г1 медали кои ѝ носат поени за олимписка норма за Игрите 2024 во Париз.