Иако не го поддржува претстојниот егзибициски турнир, ВТА објави дека нема да ги санкционира тенисерките кои ќе учествуваат на настанот овој викенд во Русија.

Второто издание на „Northern Palmyra Trophies“ ќе се одржи од 1 до 3 декември во Санкт Петерсбург и вклучува турнир во машка и женска конкуренција.

Турнирот, кој го спонзорира рускиот енергетски гигант „Газпром“ се одржува во екот на руската инвазија врз Украина

„Овој настан не е поврзан со ВТА, ниту ВТА го поддржува одржувањето на настанот“, објави раководството тело на женскиот тенис.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2023 06:10