Французинот Артур Фис ќе му биде спаринг партнер на Рафаел надал во академијата на шпанскиот тенисер во Кувајт од 8 до 15 декември.

„Љубезно ме покани. Ќе дадам сè од себе. Ќе се обидам да не бидам занесен од неговиот форхенд и да го искористам тоа максимално“, изјави 19-годишниот Фис.

Францускиот тенисер е 36 рангиран на АТП листата, а сезонава го освои свој прв трофеј во кариерата, триумфирајќи на турнирот во Лион.

Освојувачот на 22 грен – слем титули Надал вчера објави дека по едногодишна пауза се враќа на тениските турнири, потврдувајќи дека ќе настапи на Бризбејн Интернешнл, подготвителниот турнир за Австралија Опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2023 04:26