- Рекетот на Новак Ѓоковиќ беше продаден на американска аукција за спортски сувенири.

Конечната цена на рекетот со кој Србинот го освои Ролан Гарос 2016 година изнесуваше 107.482 долари.

Според описот на аукциската куќа, ова е рекетот кој Ѓоковиќ играше во финалето против Енди Мареј. За време на меч-топката Србинот имаше поинаков рекет во рацете, но со овој ја славеше победа цртајќи срце на теренот. После тоа го фрли рекетот на трибините. Рекетот го стави на продажба Еби Доерти која го фати вредниот сувенир.

На тој турнир, Ѓоковиќ комплетира кариерен Грен слем станувајќи во тој момент шампион на сите четири најголеми турнири.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2023 19:07