Данската тенисерка Каролина Вознијацки доби вајлд-карта од организаторите на Австралија опен.

Покрај 33-годишната Данка, специјални покани за настап на Грен слемот добија и шест домашни претставници: Кимберли Бирел, Оливија Гадецки, Тејла Престон, Џејмс Дакворт, Марк Полманс и Адам Волтон.

Последен пат Вознијацки беше на теренот на 3 септември 2023 година, во четвртото коло на УС Опен. Тој меч го загуби од Американката Коко Гауф со резултат 3:6, 6:3, 1:6.

Отвореното првенство на Австралија во 2024 година ќе се одржи од 14 до 28 јануари во Мелбурн.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2023 21:10