Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави денеска дека сака само да „биде конкурентен“ кога во јануари ќе се врати на тенискиот турнир во австралискиот град Бризбејн, една година откако го одигра последниот натпревар.

„Знам дека ова е тежок турнир, но се надевам дека ќе бидам подготвен за настап. Не се стремам кон ништо други, освен само да бидам конкурентен“, изјави 37-годишниот Надал во видеообраќање објавено на социјалните мрежи.

Поранешниот светски рекет број 1, кој сега е рангиран на 664 место на АТП листата, минатиот петок најави враќање на професионалниот тенис за време на турнирот од серијата 250 што ќе се одржи во Бризбејн од 31 декември до 7 јануари.

Надал ја пропушти целата сезоната 2023 откако во јануари годинава го повреди колкот за време на Австралија Опен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2023 05:56