Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) денеска соопшти дека на руските и белоруските спортисти кои ќе се квалификуваат за завршните натпревари во нивните спортови ќе им биде дозволено да учествуваат на Олимписките игри во Париз следната година, под услов настапуваат неутрално, без знамиња, амблеми и химни.

-Тимовите на овие земји, спортисти кои активно ја поддржуваа војната, како и спортисти кои се ангажирани во армијата или државните безбедносни агенции на Русија и Белорусија, се исклучени од Игрите, се наведува на веб-страницата на Олимпискиот комитет.

На руските и на белоруските спортисти претходно им беше забрането учество во меѓународните натпреварувања по руската инвазија на Украина, но оттогаш постепено им беше дозволено да се вратат како неутрални индивидуални спортисти



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2023 05:29