Австралискиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, е прогласен за дебитант на годината на свечената церемонија на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

Во Баку се одржува церемонијата на доделување на наградите на најуспешните на светските првенства во мотоспорт.

Во 2023 година, 22-годишниот Австралиец го имаше своето деби во Формула 1 како дел од тимот на Мекларен. На крајот од сезоната го зазеде 9. место во генералниот пласман кај возачите, со 97 поени.

Пјастри двапати стигна до подиумот: на Јапонското ГП го освои третото место, а на Големата награда на Катар го освои второто место.

Во септември Мекларен го продолжи договорот со Пјастри до крајот на 2026 година



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2023 20:59