Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен не е носталгичен по неизвесните трки од пред две години кога со Хамилтон се бореше за тронот.
Пилотот на Ред Бул ужива во доминацијата и не би сакал да се врати во конфронтација со возачот на Мерцедес.
- Прво целта ми беше победа на било која трка, потоа амбицијата порасна да ја освојам шампионската титула. Сезонава ги соборував сите рекорди. Задоволен сум од тоа како испадна оваа сезона. Особено го ценам успехот што го покажуваме како тим. Сè е поинаку за разлика од пред две-три сезони. Уживам во мојата доминација, но, во исто време тоа е борба со себе. Не секогаш го гледам конечниот резултат - само се обидувам да се претставам подобро и да разберам каде можам да се подобрам, изјави Верстапен.
Холанѓанецот не е сигурен дали и следната година така лесно ќе дојде до трофејот.
-Ќе биде многу тешко да се помине уште една година вака. Нашите противници, секако нема да застанат додека не нè победат. Очекувам нашиот следен болид да биде подобар „RB19“ кој веќе е историја, додаде Верстапен.
Годинава Верстапен по трет пат стана светски шампион во Формула 1