Иако раководното тело на женскиот тенис допрва треба да донесе одлука за местото на одржување на финалниот турнир во сезоната 2024, повеќе светски медиуми објавија денеска дека завршниот турнир ќе се игра во Саудиска Арабија.
За домаќин на годинешното финалето беше избран мексиканскиот град Канкун, по откажувањето на кинеските организатори во Шенжен, а турнирот во Мексико предизвика остри критики од втората светска тенисерка Арина Сабаленка поради слабата организација.
„Разговараме со разни градови околу ВТА финалето 2024 и подоцна, и сè уште не сме донеле каква и да е одлука во овој момент“, изјави портпаролот на ВТА.
Британскиот сервис Би-Би-Си, од своја страна, објави дека разговорите меѓу ВТА Тур и саудиските власти се во поодмината фаза и оти двете страни се заинтересирани за долгогодишен договор.