Швајцарската скијачка Јасмин Флури победи на денешниот спуст од Светскиот куп во женска конкуренција во Вал д’Изер пред нејзината сонародничка Јоана Хален и Австријката Корнелија Хутер.

Триесетгодишната Флури во февруари годинава во Мерибел ја освои светската титула во спуст, а денешната победа е нејзина прва во оваа дисциплина во кариерата.

Флури, воедно, ја оствари својата само втора победа во Светскиот куп, откако беше најбрза во супервелеслаломот пред шест години во Сент Мориц.

Во генералниот пласман води Американката Микела Шифрин со 620 бодови, пред Швајцарката Лара Гут-Бехрами (457) и Италијанката Федерика Брињоне (429).

Во Светскиот куп во алпско скијање во женската конкуренција утре на програмата е трката во супервелеслалом, исто така во Вал д‘ Изер.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2023 18:47