Кошаркарот на Олимпијакос, Никола Милутинов, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на 22. коло во Евролигата.
Олимпијакос го победи Макаби од Тел Авив со 89-72, а српскиот центар беше еден од најзаслужните за триумфот, придонесувајќи со 20 поени и исто толку скокови. Додаде и по една асистенција, блокада и одземена топка, како и шест изнудени прекршоци, што му донесе индекс на корисност 40.
За Милутинов ова е шесто признание МВП во кариерата, а второ оваа сезона.
Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, имаше втор највисок индекс на корисност (30), но не можеше да го спречи поразот на францускиот тим од Валенсија (84-72)