Тренерот на Лајпциг, Марко Розе е разочаран од поразот (0:1) на синоќешниот натпревар со Реал Мадрид (0:1) во осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Мојот тим одигра храбро. Спроведовме многу работи што ги планиравме, на пример, ја засиливме играта против Винисиус. По паузата постигнаа одличен гол бидејќи им оставивме премногу простор. Мора да го прифатиме ова. Ние самите имавме добри шанси, но нашата егзекуција нè разочара, истакна Розе за сајтот на УЕФА.

На овој натпревар последните 15-ина минути ги одигра македонскиот репрезентативец во дресот на Лајпциг, Елиф Елмас.

Реваншот ќе се одигра во Мадрид на 6 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2024 09:42