Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, по синоќешната победа над Реал Мадрид (2:0) се осврна на промашените пенали на Килијан Мбапе и Мохамед Салах.

Мбапе во 61.минута пропушти шанса да му донесе изедначување на Реал, додека Салах во 70.минута не го зголеми водството на домаќините.

- Денес и двајцата ни покажаа дека и тие се исти луѓе како сите нас. Во случајот со Мбапе, Келехер беше неверојатен. Тој направи нешто несекојдневно за нас, како и нашиот друг голман (Алисон), кој не е ништо помалку величествен, изјави Слот за сајтот на УЕФА.

Ливерпул има пет победи на исто толку натпревари и води во поредокот на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид е на 24. место со шест бода



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2024 15:51