Манчестер сити го совлада Копенхаген (3:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Сити стана првиот клуб во историјата кој постигнал најмалку три гола на седум последователни натпревари во Лигата на шампионите.

Граѓаните во групната фаза ги совладаа Црвена ѕвезда двапати (3:1, 3:2), Лајпциг (3:1, 3:2) и Јанг Бојс (3:1, 3:0).

Букмејкерите го сметаат Манчестер сити за главен фаворит во Лигата на шампионите.

Воедно, „Граѓаните“ се прв англиски клуб кој успеал да победи на девет натпревари по ред (седум оваа и две минатата сезона) во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2024 18:53