Повредата на коленото на Трент Александер-Арнолд, која го оддалечи десниот бек од три натпревари на Ливерпул во јануари, повторно се појави. Поради оваа причина, англискиот репрезентативец повторно ќе биде надвор од терените неколку недели, а извесно е дека нема да му биде на располагање на Јирген Клоп за финалето на „Карабао купот“ против Челси на 25 февруари, информира „Тајмс“.

Трент првично се здоби со повреда на коленото за време на натпреварот со Арсенал во ФА Купот. Тој се врати на теренот против Норич, а потоа влезе како замена против Челси, но стартуваше против Арсенал и Барнли. Во неделата, сепак, тој беше заменет на полувремето откако почувствува болка во истото колено. Се уште не е јасно колку натпревари ќе пропушти заменик-капитенот на Ливерпул, но според „Тајмс“ нема шанси да игра во пресметките со Брентфорд, Лутон и Челси.

Конор Бредли, кој денеска беше прогласен за играч на месец јануари на Ливерпул, одлично го замени Александер-Арнолд, па отсуството на вториот не би требало да биде преголем проблем за Јирген Клоп



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2024 03:08