Здравствена состојба на највозрасниот тренер во Премиер лигата, Рој Хоџсон, е стабилна, откако на 76-годишниот стратег на лондонски Кристал Палас му се слоши за време на вчерашниот тренинг и итно беше пренесен во болница, пренесуваат британските медиуми.
Поради возраста, но и слабите клупски резултати на Кристал Палас оваа сезона под водство на Хоџсон, медиумите наведуваат дека клупското раководство наскоро ќе објави смена на тренерското место.
На местото на Хоџсон треба да седне 49-годишниот Австриец Оливер Гласнер, чиј последен ангажман беше во Ајнтрахт Франкфурт, а претходно во кариерата ги тренираше Риед, ЛАСК и Волфсбург. Гласнер со Ајнтрахт ја освои Лига Европа во сезоната 2022/23.
Хоџсон во својата долга тренерска кариера, која почна во 1976 година, предводеше бројни клубови, а беше и селектор на Англија и Финска.
На клупата на Кристал Палас се врати во 2023 година, откако седеше на клупата на лондонскиот клуб и во периодот од 2017 до 2021 година.