Со натпреварите од 19. коло претстојниот викенд почнува вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а по двомесечна пауза проодолжува и сезоната во второлигашката конкуренција.
Пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе биде отворен в сабота со дуелот меѓу Гостивар и Вардар со почеток во 14 часот.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела од истиот термин со преостанатите пет натпревари. Актуелниот првак, Струга Трим Љум гостува во Скопје против Работнички. Во Штип, Брегалница го пречекува Тиквеш, а Силекс во Кратово е домаќин на струмичка Брера. Во Скопје се предвидени уште два меча, во Ѓорче Петров, Македонија ќе се соочи со Шкендија, а на Чаир, Шкупи го пречекува составот на Воска Спорт.
Натпреварите од Втора МФЛ се закажани в сабота со почеток во 14:00 часот. Лидерот на табелата, тимот на Беса го пречекува Осогово, додека Детонит кој заостанува пет бодови на второто место, гостува во Неготино против Вардар.
Останатите парови од 17. коло во Втора МФЛ: Арсими – Новаци, Скопје – Каменица Саса, Караорман – Кожуф, Охрид – Башкими, Пелистер – Беласица и Тетекс – Победа