Осумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси одигра изминатата вечер еден час во дресот на Интер Мајами во пријателски натпревар против својот аргентински клуб од детството Невил Олд Бојс пред полни трибини на стадионот во Форт Лоудердејл.

Натпреварот заврши нерешено 1-1, а Меси ја напушти играта во 60 минута заедно со Уругваецот Луис Суарез, со кого беа клупски колеги во Барселона.

За Интер Мајами ова беше последен контролен натпревар пред стартот на новата сезона во американската МЛС лига и натпреварот од воведното коло против Реал Солт Лејк на 21 февруари.ег

Невил Олд Бојс доаѓа од аргентинскиот град Росарио каде Меси е роден, мина дел од детството и почна на тренира фудбал пред да му се приклучи на шпанскиот гигант Барселона на возраст од 13 години.

Тренерот на Интер, Тата Мартино, исто така е од Росарио, и настапуваше за Невил Олд Бојс во кој подоцна се врати и како тренер од 2012 до 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2024 15:32