Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел призна дека расположението во тимот е слабо по двата последователни порази и дека не е во ред сега да се зборува за титули.
Во изминатиов период, тимот прво загуби од Баер Леверкузен (0:3) во меч кој може да биде клучен за шампионската титула во Германија, а потоа загуби од Лацио (0:1) во Лигата на шампионите.
Ова ги доведе во прашање и освојувањето на титулата во Бундеслигата и надминувањето на осминафиналето во ЛШ.
- Не треба да кажувам дека по два порази по ред некако не е во ред да се зборува за шанси за трофеи. Но, оваа наша скромност во овој случај не треба да се сфати како предавање. Сакаме и треба да се докажуваме. Можно е тоа што се случи да ни го даде тој импулс, по што можеме да тргнеме нагоре. Откажувањето не е опција за нас – ниту во Лигата на шампионите, ниту во Бундеслигата, порача Тухел.