Баерн Минхен досега ја губи битката за титулата во Бундеслигата од Баер Леверкузен и тренерот Томас Тухел призна дека клубот има други проблеми со кои се соочува.

Едно од нив е незадоволството на англискиот голгетер Хари Кејн од начинот на кој тренерот го користи на натпреварите.

- Кејн знае што прави и не му се допаѓа како го користиме. Не сме задоволни со многу работи. Неверојатно е што лесно постигнува голови на тренинзите, но не го прави тоа на натпреварите, изјави Тухел. .

Англискиот напаѓач оваа сезона постигна 28 гола на 29 натпревари за гигантите од Минхен.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2024 17:21